3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИ компјутерите ќе добијат верзија на Cortana

И компјутерите ќе добијат верзија на Cortana

cortana22

Откако „Cortana“ ( виртуелниот асистент на „Microsoft“) во текот на април оваа година се појави на „Windows Phone“ уредите, започнаа шпекулации дека „Microsoft“ има намера истото да го стори и за персоналните компјутери со оперативниот систем „Windows“.

Претходните гласини конечно добија и официјална потврда за тоа дека во „Microsoft“ се сериозно посветени на таа идеа. Имено, Маркус Аш, програмскиот менаџер за платформата „Windows Phone“ во серија твитови ги објави идните планови поврзани со „Cortanа“.

Од објавените твитови е видливо дека „Microsoft“ навистина ќе ја донесе „Cortanа“ и на десктоп компјутерите, но не веднаш, прво сакаат во целост да ја завршат „Cortanа“ зa платформата „Windows Phone“ со цел на корисниците да им понудат одличен производ. Дури потоа компанијата ќе се посвети на поддршката за други платформи (Android/iOS), а меѓу кои се наоѓа и оперативниот систем „Windows 8.1“.

За почеток се планира поддршка за „Windows 8.1“, a во случај развојот да се оддолжи тогаш „Cortana“ ќе стигне дури со „Windows 9“ кој светлото на денот би требало да го здогледа на почетокот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП