29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледната година стартува производството на SSC Tuatara (фото)

Следната година стартува производството на SSC Tuatara (фото)

ssc tuatara

Американскиот производител „SSC“ новиот модел „Tuatara“ го претстави уште во 2011-та година, а како што сега стојат работите производството конечно би требало да започне во текот на 2015-та.

„SSC“ имено ги реши проблемите со финансирањето, па во август ќе продолжи со изградбата на својата нова фабрика која би требало да биде завршена на почетокот на 2015-та.

ssc tuatara 5

Во првата година се очекува да бидат направени само 12 автомобили, а подоцна таа бројка ќе порасне на 24 до 30 примероци годишно.

Само за потсетување, за „Tuatarа“ е предвиден 6.8-литарски V8 „twin-turbo“ мотор со околу 1350KS, што според најавите на американската компанија ќе биде доволно ова возило (тешко 1200 kg) со заден погон од 0 дo 60 милји на час (96 km/h) да забрза за 2.8 секунди и да ги постигне максималните 442 km/h.

ssc tuatara 501

Што се однесува до цената, претходно се споменуваше сума од 970.000 американски долари и тоа без данок.

ssc tuatara 5011

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП