10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ја купува Nuance, компанијата која помогна да се направи Siri?

Samsung ја купува Nuance, компанијата која помогна да се направи Siri?

samsung nuance

Ако може да се верува на изворите на „Wall Street Journal“, „Samsung“ сака да ја подобри способноста за распознавање на гласовни наредби на своите уреди. Тие тоа планираат на го сторат преку аквизиција на компанијата „Nuance“.

Преговорите најверојатно започнаа претходно во оваа година, но потврда за превземање се уште се чека. Освен со „Samsung“, „Nuance“ преговара со повеќе заинтересирани страни, наведуваат изворите. Покрај во паметните телефони, „Samsung“ би можел технологијата да ја искористи и во своите паметни часовници, т.е. идните преносни уреди.

„Nuance“ моментално во понудата има софтвер за распознавање на говорот, но на партнерите им нуди и програмски интерфејс за користење во производите. Меѓу компаниите парнтери, покрај останатите, се наоѓаат „Apple“ и „Amazon“.

Можната аквизиција би можела да има далекусежни последици со оглед на тоа дека „Apple“ ја користи технологијата на „Nuance“ во својот гласовен асистент „Siri“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП