28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Полицијата пукалa за време на демонстрациите во Рио

СП 2014: Полицијата пукалa за време на демонстрациите во Рио

fifa

Бразилската полиција врши истрага за случајот кога полицаец пукал со боева муниција во Рио де Жанерио за време на демонстрацијата против Светското првенство. Снимка од инцидентот се појавила во јавност.

Цивилната полиција на Рио потврдила дека еден нивни службеник е снимен како замавнува со пиштол и притоа испукал два пати во воздух.

Полициската акција била по еден помал протест против Мундијалот во близина на стадионот „Маракана“ непоредно пред натпреварот меѓу Аргентина и Босна и Херцеговина одигран ноќта меѓу неделата и понеделникот по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП