6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто се очекува од новиот Moto X +1

Што се очекува од новиот Moto X +1

moto x plus

Наследникот на успешниот модел „Moto X“ од „Motorola“ го носи тајното име „Moto X +1“ и се очекува да биде претставен во август или почетокот на септември.

Според гласините моделот ќе биде со 5,2-инчен „AMOLED“ дисплеј со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, што е исклучително подобрување во споредба со неговиот претходник. Се очекува тој да е придвижуван од процесор „Snapdragon 800“, како и да располага со 2 GB RAM меморија.

Најверојатно ќе се нуди во две варијанти – во зависност од внатрешната меморија, со која располага, па така на располагање ќе биде верзија со 32 и верзија со 64 GB.

Смартфонот најверојатно ќе има 12 мегапикселна камера. Се претпоставува дека овој уред ќе го користи оперативниот систем „Android 4.4.3 OS“.

Според експертите најверојатно моделот ќе чини околу 400 долари на американскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП