26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕУ и Јужна Кореја заедно ќе ја развиваат 5G мрежата

ЕУ и Јужна Кореја заедно ќе ја развиваат 5G мрежата

5g mreza eu jk

Иако се уште ниту „4G“ мрежите во Европа во целост не заживеаа, Европската унија се одлучи да напарави чекор напред и да тргне во насока во развој на нови технологии во иднина.

Денеска е објавено дека ЕУ потпишала партнерски договор со Јужна Кореја според кој заедно би требало да работат на развој на комуникациски мрежи засновани на „5G“ технологија. Како дел од партнерството ќе биде основана заедничка група која ќе работи на составите, стандардите и подготовката на технологијата за имплементација на „5G“ мрежата.

Овој договор би требало да ги охрабри членките на Европската унија да вложуваат во развој на мрежи од новата генерација, бидејќи воведувањето на „4G“ мрежата не го следат чекорот со останатите земји од развиениот свет, а во воведувањето на новите технологии е новиот партнер, Јужна Кореја, кој е еден од лидерите.

Партнерството ќе го води европската група „5G PPP“ од Белгија, т.е. нејзиниот корејски еквивалент „5G Forum“, a со работа ќе започнат веднаш. Стандардизацијата на „5G“ мрежата не се очекува барем уште една година, со најдобри проценки дека мрежата би можела да заживее до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП