6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗависноста од смартфоните е се посериозен проблем

Зависноста од смартфоните е се посериозен проблем

smartfon zavist

Се поголем е бројот на луѓе, особено младите, кои се зависни од својот смартфон (паметен мобилен телефон) и тоа до таа мера што се загрижени од помислата да останат без него на некое време, при што кај тоа сценарио се јавува сериозна напнатост.

Истражувањето кое го спроведе Институтот Нилсен покажува дека со овој феномен се зафатени корисниците на смартфони во Сингапур, Јужна Кореја, Кина и Тајван.

Инаку, најмногу смартфони по глава на жител имаат Сингапур и Хонг Конг, и тоа два пати повеќе од Американците.

Дури 87 отсто од 5.4 милиони жители на Сигапур имаат паметен телефон, а додека во Америка оваа бројка изнесува 65 проценти.

Азијците, исто така, водат и според времето кое го поминуваат пребарувајќи на своите смартфони, а толку во таа намера се неумерени, па така има се повеќе психички заболени меѓу зависниците од мобилните телефони.

Затоа психијатрите во овие земји се залагаат оваа зависност да се препознае како сериозна психолошка болест, која најчесто се лечи со антидепресиви.

Зависноста е толку голема во Сингапур, така што во основните школи е започнат проект кој се нарекува „сајбер-битие“ со цел на учениците и родителите да има се укаже на оспасноста од големата употреба на смартфоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП