27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајнираната верзија на Mitsubishi ASX (фото)

Редизајнираната верзија на Mitsubishi ASX (фото)

114864-mitsubishi asx 111

Компанијата „Mitsubishi“ во јули ќе започне со продажба на модернизираната верзија на кросовер моделот „ASX“ за моделската година 2015-та. Како што и очекувавме, нема поголеми промени, затоа што добрата формула нетреба да се менува. На пример, во Русија продажбата на моделот „ASX“ оди над очекувањата, затоа што тамошните клиенти се задоволни од изгледот на овој автомобил.

Од актуелната верзија, модернизираниот „ASX“ се разликува првенствено по изгледот на предниот дел на автомобилот. Покрај светлата за магла во браникот, интегрирани се и дневни „LED“ светла, на надворешните ретровизори инсталирани се покажувачи на правецот во „LED“ технологија. „ASX“ доби и нов дизајн на бандажите, а подобро опремените верзии можат да опфатат и двобојна комбинација.

114863-mitsubishi asx 11

Бензинските мотори ги претставуваат 4-цилиндарски мотор со зафатнина од 1.8-литри (103 kW), a помоќниот бензински мотор е 2.0-литарски (110 kW). Двата мотори може да се комбинираат со менувач од најновата генерација.

Кој преферира дизел мотори, може да одбере агрегат со зафатнина од 2.2-литри со максимална снага од 110 kW, a се надеваме дека во понудата ќе остане и агрегатот „1.8 DI-D MIVEC“.

Подобрен е и степенот на опрема, така сега основното ниво подразбира „ABS“, „ESP“, „TCS“, патен компјутер, клима уред, електронска контрола на прозорите напред и назад, како и алуминиумски бандажи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП