26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАCisco ја предвидува иднината на Интернетот

Cisco ја предвидува иднината на Интернетот

cisco internet

Производителот на мрежна и компјутерска опрема „Cisco“ направи список за своите предвидувања за развојот на Интернетот за следните пет години.

Според нивните податоци поткрепени со истражување, во тој период динамиката на сообраќајот на Интернетот ќе биде тројно зголемен и ќе достигне 131 ексабајти (1018 бајти) месечно.

Веќе од 2016-та година ќе биде надмината годишната граница од еден зетабајт (1000 ексабајти) сообраќај на податоци. Тој раст ќе дојде како последица на се поголемата дистрибуција на видео содржини, преку мрежите на сите мрежи, сметаа во „Ciscо“.

До 2018-та, oколу 79% од сите податоци пренесени преку Интернет ќе бидат токму видео содржини. За споредба, кон крајот на минатата година уделот на видео содржините изнесуваше 66%.

Дo 2018-та ќе порасне и уделот во мобилниот сообраќај и тоа за дури 11 пати во однос на податоците од 2013-та. Најбрз раст ќе забележат земјите од Блискиот исток и Азија. Што се однесува до брзината на пристапот на Интернет, „Cisco“ проценува дека таа ќе биде во просек тројно зголемена до 2018-та.

Повеќе од половината на „IP“ сообраќајот ќе доаѓа од не-„PC“ уредите (ТВ, таблети, паметни телефони, „machine-to-machine“ – „M2M“) дo 2018-та година, а во 2013-та само 33% од вкупниот сообраќај доаѓаше од мобилните уреди.

Глобалниот Интернет сообраќај за четири години ќе биде еквивалентен на 64x обемот на целиот Интернет од 2005-та година и ќе достигне 14 GB по жител, што е раст за 5 GB податоци за минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП