28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G Watch - ова може да се очекува

LG G Watch – ова може да се очекува

lg g smart watch

Еден месец пред официјалното претставување на паметниот часовник „LG – G Watch“, на „Twitter“ се објавени неговите спецификации.

„LG – G Watch“ ќе има 1.6-инчен екран со резолуција 280×280 пиксели, како и 4GB интерна меморија. Уредот ќе користи батерија од 400mAh, која трае и до 36 часа, а за нејзино полнење ќе бидат потребни два часа.

Се очекува дека „G Watch“ ќе има технологија за препознавање на гласот која е наменета за диктирање на текст.

Часовникот на „LG“ ќе биде постојано активен, ќе прикажува релевантни информации на корисниците базирани на нивната локација и времето од денот.

Ова е еден од двата најавени паметни часовници кои ќе го користат оперативниот систем на „Google“ – „Android Wear“. Другиот е „Motorolа Moto 360“.

„LG“ би требало да го претстави „G Watch“ во понеделник на 7-ми јули, а според информациите неговата цена ќе биде околу 223 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП