23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTaблицата „F1“ на продажба! Цената десет пати повредна од автомобилот!

Taблицата „F1“ на продажба! Цената десет пати повредна од автомобилот!

f1 tablica1

Британската екслузивна регистерска табличка на која пишува само „F1“ (FI) повторно се најде на пазарот.

Шест години откако ја купи за 440.000 фунти, британскиот бизнисмен и автомобилски тјунер, Афзал Кан одлучи да ја продаде оваа единствена регистерска табличка. Кан ја понуди „F1“ таблицата за 10 милиони фунти!

Оваа таблица моментално се наоѓа на „Bughatti Veyron“, кој вреди околу 1 милион фунти, значително помалку отколку што сопственикот што сака да добие за регистерската таблица.

f1 tablica

Кан неодамна доби понуда од 8.5 милиони фунти за оваа таблица, износ кој го понуди купувач од Блискиот исток. Инаку Кан во својата колекција ја има и таблицата „4HRH“ (Кралица) зa која бара 275.000 фунти.

Регистерската табличка „F1“, пред да ја купи Кан се наоѓаше на еден „скромен“ „Volvo S80“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП