6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: „Лалињата“ го декласираа шампионот!

СП 2014: „Лалињата“ го декласираа шампионот!

holandezi99

Светскиот шампион Шпанија кошмарно ја започна одбраната на титулата – 1:5 против Холандија, во еден од највозбудливите натпревари на светското. Битката беше повторување на финалето од мундијалот во ЈАР во 2010-та година, кога „фуријата“ со погодокот во продолженијата на Иниеста, дојде до тиутлата.

За прв пат во историјата на светските првенства финалето од претходното првенство се повторува во групната фаза.

Почетокот на дуелот во Салвадор не најавуваше таков крах за Шпанија. Во 8-та минута „лалињата“ испуштија златна шанса – Снајдер излезе сам против Икер Касиљас, но голманот одбрани брилијантно. Во 27-та минута италијанскиот судија Никола Рицоли свири пенал за „фуријата“, а Чаби Алонсо стрелаше прецизно од белата точка. И навидум Шпанците го контролираа натпреварот. Сепак, дојде 44-та минута, кога изненаднобеше упатен многу долг „пас“ кон Робин ван Перси, кој со феноменален потег и удар со глава го совлада препарираниот Касиљас.

Холандската еуфорија се засили по полувремето, па во 52-та минута Робен ја помина целата одбрана за 2:1. Во 65-та Стефан де Врајодлично се снајде во петерецот по нафрлената топка, но Шпанците претендираат за фаул на Ван Перси над голманот. Сепак, голот беше признат. Потоа нервите попуштија, судијата извади картони и поништи гол на шампионите поради офсајд.

Кошмарот за „фуријата“ стана уште поголем кога во 73-та минута, Касиљас му ја подари топката на Ван Перси и тој беше безмилосен за 4:1. Шампионот веќе беше на колена … Но во 80-та минута Касиљас се лизгаше по тревата и не успеа да го споре Робен за нов гол.

Шпанија беше уништена …

Во останатите две средби кои се одиграа во текот на вчерашниот ден, Мексико успеа да слави минимално во пресметката со Камерун (1:0), додека пак на полноќниот натпрвар, Чиле со 3:1 триумфираше на дуелот со аутсајдерот Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП