7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛетово на пазарот ќе се појави новата серија Galaxy Tab S (видео)

Летово на пазарот ќе се појави новата серија Galaxy Tab S (видео)

s tab tablet

Најголемиот светски производител на смарфони – јужнокорејската компанија „Samsung“ претстави нова серија таблети, кои ќе излезат на пазарот во текот на летото.

Таблетите го носат името „Galaxy Tab S“, а ќе се претстават во две варијанти – со 10,4-инчен и 8,4-инчен екран. Уредите се првата генерација со „AMOLED“-дисплеи, кои компанијата ги користи во паметниот телефон „Galaxy S5“ и кои беа потврдени од експертите за најдобри на пазарот во моментов кај смартфоните.

Моделите „Galaxy Tab S“ ќе се продаваат по цените под оние кои се нудат од страна на главните конкуренти од „Apple“ – „iPad Mini“ и „iPad Air“. Моделот со дисплеј од 8.4-инчи ќе почнува со цена од 399 долари, додека 10,5-инчниот таблет ќе стартува од 499 долари.

И двата таблети располагаат со 16 GB внатрешна меморија. Таблетите се многу тенки и имаат дебелина од 6.6 милиметри или помалку од таа од 7,5 мм колку што изнесуваат таблетите на „Apple“. Слично на смартфонот „Galaxy S5“, таблетите „Galaxy Tab S“ ќе располагаат со отпечаток од прст, лоциран на главното копче на уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП