27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Ковач гневен по поразот од „кариоките“

СП 2014: Ковач гневен по поразот од „кариоките“

niko kovac

Селекторот на Хрватска Нико Ковач со причина е револтиран по поразот од Бразил (3:1) нa отворањето на Мундијалот во Сао Паоло.

Хрватите неочекувано поведоа против „кариоките“. Тие одлично му парираа на фаворитот до 70-та минута кога јапонскиот судија им подари на бразилците пенал за пресврт.

„Ако тоа беше пенал, да одиме да играме кошарка, ова е грабеж. Играчите се бореа, трудеа, ги одработија подготовките и тогаш дојде судија кој не е достоен да суди вакви средби. Зборуваме за почитување, кое го немаше кон мојот тим. Срамота!“, вели Ковач.

Хрватите многу добро и парираа на селекцијата на Бразил, кои се до контроверзниот пенал немаа ниту еден удар кон голот на ривалот во второто полувреме.

„Оставивме добар впечаток. Кажавме што треба да се прави, бевме одлични! Поведовме, но не издржавме до крајот на полувремето. Меѓутоа, морам да истакнам дека вака се бранат нашите бои! Играчите дадоа се од себе. Имаме тим за вториот круг и верувам дека таму и ќе бидеме“, додаде селекторот на Хрватска.

„Коцкастите“ во второто коло ќе играат со Камерун, а Бразил против Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП