2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHP се свртува кон Linux

HP се свртува кон Linux

hp linux

Една од темите на годинешната конференција на „HP“ во Лас Вегас, привлече големо внимание. Имено, Мег Вајтман која ја вршела должноста „CEO“ во„HP“, коментираше за идните бизнис планови на компанија.

Таа објави дека „НР“ работи на целосно нов уред кој внатре во компанијата го нарекуват „The Machine“, т.е. дека ќе донесе нови технолоии, а меѓу кои се наоѓа и нов тип на меморија, но и нов оперативен систем.

Иако повеќето луѓе сами споменуваат дека новиот оперативен систем автоматски помислуваат на идниот „Windows 9“, но овој пат тоа нема да се случи. „HP“зa „The Machine“ има намера да развие целосно нов оперативен систем кој ќе се темели на „Linux“ и кој ќе биде со целосно отворен код. Дека не станува збор за шега, стана јасно кога Мартин Финк, главниот човек на „HP Labs“, ги повика сите заинтересирани универзитети да им се приклучат во развојот.

Се смета дека оваа одлука би можела да биде навестување за „Microsoft“ во која насока „HP“ во иднина ќе се развива како компанија, т.е. дека долгогодишното партнерство во иднина би можело да се претвори во ривалство, затоа што кога новиот „HP-OS“ ќе се најде на пазарот ќе се претстави како сериозна конкуренција на „Microsoft“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП