3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Porsche 718 ќе биде минималистички roadster со мала маса

Новиот Porsche 718 ќе биде минималистички roadster со мала маса

pors najava

Најновите информации за новото „Porsche 718“ укажуваат дека овој модел ќе биде минималистички „roadster“ базиран на моменталните модели „Boxster“ и „Cayman“. Покрај тоа, „718“ ќе го одликува единствен стил и минималистички ентериер со помалку опрема.

Тоа што исто така е интересно е дека новиот модел ќе го одликуваат потенки стакла, како и компоненти изработени од алуминиум и челик.

Благодарејќи на употребата на овие метали, вкупната маса на возилото нема да мине 1190 килограми, што го прави ист како и „Lotus Exige S Roadster“.

„Porsche“ најверојатно работи на развој на три различни четирицилиндарски мотори, но за „718“ ќе бидат понудени само две верзии: 2.0-литарска кој развива 286 ks излезна моќ и 399 Nm вртежен момент, како и 2.5-литарска верзија со турбо полнач која има 360 ks и 470 Nm.

Како што објавија од компанијата, моделот „Porsche 718“ се очекува да се појави на пазарот некаде во 2016-та година, па за тогаш се очекуваат повеќе информации за ова возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП