На интернет се појавија неколку фотографии од претстојниот модел „Galaxy S5 Mini“, како и одредени спецификации на овој смартфон.
Според нив, уредот ќе поседува процесор „Samsung Exynos 3 Quad“ со такт на 1.4GHz.
Кога станува збор за „GPU“, тука е „quad core“ – „Mali-400 MPа“ на 450MHz, a „Galaxy S5 Mini“ поседува уште и 1.5GB RAM, 16GB интерна меморија која може да се прошири со помош на „microSD“ картичка.
Сите оние кои сакаат фотографирање нема да бидат премногу воодушевени од камерата со 8 мегапиксели која е во состојба да снима „Full HD 1080“ видео.
Екранот на овој паметен телефон е со дијагонала од 4.5-инчи и станува збор за 720p „Super AMOLED“ со „Gorilla Glass 3“.
Нормално, исто како и својот поголем „брат“ и овој уред има скенер за отпечаток на прстот и е отпорен на вода и прашина.
„Galaxy S5 Mini“ доаѓа со „Android 4.4.2 KitKat“ преку кој ќе биде поставен „TouchWiz UX“.