9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOppo R3 - најтенкиот LTE смартфон на светот

Oppo R3 – најтенкиот LTE смартфон на светот

najtenok oppo

Кинески „Oppo“ на домашниот (кинески) пазар го претстави својот најнов „LTE“ смартфон – „R3“, за кој тврдат дека е најтенкиот „LTE“ паметен телефон на светот.

Во прилог на ова секако оди и самата дебелина на уредот, а која изнесува само 6.3 милиметри. Другите спецификации говорат дека станува збор за уред со висина од 142.3 милиметри, ширина од 70.4 и вкупна тежина од 140 грама.

Внатре во најтенкото куќиште на светот, „Oppo“ смести 5-инчен „IPS“ екран со резолуција од 720 x 1280 пиксели. „Oppo R3“ работи на процесорот „Qualcomm Snapdragon 400 SoC“ четири јадра и такт од 1,6 Ghz со „Adreno 305“ графика. За работата на оперативниот систем, како и корисничките апликации се грижи 1 GB RAM, за сето тоа е потребна енергија која се напојува од батеријата со капацитет од 2420 mAh.

Кога станува збор за просторот за складирање на податоци, „R3“ доаѓа со вкупно 8 GB интерна меморија, среќа истата може дополнително да се прошири со вметнување на „micro SD“ мемориска картичка. Стандардно тука се и двете камери, задната која најчесто се користи за снимање видео записи и за фотографирање, а има резолуција од 8 MP и „LED“ блиц. Предната камера која се користи за видео повици има нешто помала резолуција, но пристојни 5 MP.

И овој пат со „Android“ (Jelly Bean 4.3) доаѓа и „ColorOS 1.4“ оперативниот систем. Продажбата на удерот ќе стартува во следните денови и тоа по цена од 369 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП