2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Светот е самба и фудбал! Стартува Мундијалот!

СП 2014: Светот е самба и фудбал! Стартува Мундијалот!

sp pehar

Вечерва точно во 22:00 часот со натпреварот помеѓу Бразил и Хрватска започнува 20-тото Светско фудбалско првенство. Од 12-ти јуни до 13-ти јули светот ќе биде самба и фудбал. За втор пат во историјата Бразил ќе биде домаќин на најголемиот фудбалски собир. Првиот пат беше во 1950-та година, а Светското првенство ќе се врати во Јужна Америка по 1978-та година, кога се одржа во Аргентина. Бразил пак, станува петтата држава во историјата која го организира Мундијалот по втор пат.

Целата планета со нетрпение очекува да започнат битките во 12-те градови. Ова важи со двојна доза за 32-те држави учеснички, од кои секоја сонува да биде крунисана како шампион на светот.

Секако најголема возбуда е во Бразил. Домаќините се составени од многу професионалци, па затоа се главен фаворит за титулата. Целата држава сонува да види како Нејмар и компанија ќе го собере за рекорден шестти пат, златниот трофеј. Селекторот Луис Фелипе Сколари ја донесе последната титула на „Селесао“ во 2002-ра година и сега на него е доверена задачата повторно да го изведе тимот до највисокото место на подиумот.

Уште неколку екипи, сепак ги подадоа рацете кон трофејот. Другиот голем фаворит е актуелниот шампион Шпанија. „Фуријата“ ќе направи се за да ја одбрани титулата од ЈАР 2010-та. Ако успее во тоа,тимот ќе направи ново невидено достигнување така што ќе освои четири последователни големи првенства.

Тука нормално е и селекцијата на Германија, кој традиционално е крајно стабилна на големите првенства. Јоаким Лев има на располагање исклучително талентирана генерација на играчи кои се способни да одат по целиот пат до финалето. Дали ќе успеат, тоа зависи само од нив.

Големи амбиции има и репрезентацијата на Аргентина. Постигна се на клубско ниво, па Лионел Меси ќе се обиде конечно да докаже дека може да биде лидер и на националниот тим на својата земја. Во друштво на играчи како Серхио Агуеро, Анхел ди Марија, Гонзало Игуаин и Есекиел Лавеци, тој ќе има доста моќна поддршка во нападот на титулата.

Во Бразил ќе биде и непредвидливата Англија, која исто така ќе сака да се претстави на најдобар можен начин. Таму е и Португалија со актуелниот носител на „Златната топка“, Кристијано Роналдо. Неможе да се отпишат и тимовите на Италија и Франција, кои се традиционално силни фудбалски нации и се способни исто така да направат моќен напад кон трофејот, кој веќе бил во нивните витрини.

Сигурно не чекаат и изненадувања, какви традиционално се случуваат на ваквите големи собири. Тимови како Уругвај со ударното дуо во нападот во лицето на Единсон Кавани и Луис Суарез, никако не е за потценување и е способен да стигне далеку. Истото важи и за селекциите на Белгија, Холандија, Чиле, Хрватска, Босна и Херцеговина, Брегот на Слоновата Коска и Колумбија. А ништо чудно и некоја од другите репрезентации да направи сензација. Нормално, на светското првенство се е можно.

Ни претстои уште еден исклучително возбудлив Мундијал кариран со самба и мајсторски изведби. За нас останува да уживаме целосно во овој спектакуларен настан и се надевамедека тојнема да биде засенет од протестите во „Земјата на кафето“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП