5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPlayStation TV пристигнува во Европа (видео)

PlayStation TV пристигнува во Европа (видео)

tv sony ps

Доколку може да се верува на објавата на „E3“ конференцијата, тогаш Европа и Северна Америка оваа есен ќе го добијат „PlayStation TV“.

„Sony“ – „PlayStation TV“ го претстави уште во 2013-та година на азискиот пазар под името „PlayStation Vita TV“. Иако на европскиот и американскиот пазар пристигнува со скоро една година задоцнување, тоа незначи дека ќе има и нов хардвер.

Според најавите од „Sony“ новиот модел од стариот ќе се разликува многу минимално, единствената измена би можела да се однесува на новото име и различната боја на куќиштето. Ново-стариот уред од есенва ќе може да се набави како „PlayStation TV“, т.е. со куќиште во црна боја. Па така за 99 долари ќе добиете уред со димензии 65 x 105 x 13,6 милиметри и вкупна тежина од 110 грама.

Во внатрешноста се наоѓа процесор со четири јадра – „ARM Cortex-A9 SoC“, „IMG SGX543MP4“ + графика и 1 GB интерна меморија. Од приклучоците, уредот располага со еден „USB 2.0“ порт, т.е. со „LAN“ и „HDMI“ конектор. Тука се и влезовите за „Vita“ играчката и мемориската картичка, како и поддршката за „Wi-Fi 802.11 b/g/n“ и „Bluetooth 2.1 + ERD“.

Што се однесува до можностите, „PlayStation TV“ може да се соедини со конзолата „PlayStation 4“, па така по пат на бежичен контролер може да се забавувате со вашите омилени игри на друг „TV“ уред. Исто така ќе добиете пристап до музичкиот и видео стриминг сервисите, како и можноста за играње на стотина наслови за „PS3“ по пат на сервисот „PlayStation Now“.

Доколку доплатите некој долар повеќе (139,99 долари) ќе добиете и посебен „Bundle“ кој се состои од „DualShock 3“ контролер, 8 GB мемориска картичка, „HDMI“ кабел и ваучер за „Lego: The Movie“ видео играта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП