2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft развива батерии за смартфони кои ќе траат една недела

Microsoft развива батерии за смартфони кои ќе траат една недела

mic dom

И покрај сите нивни напредни технологии и случувања во нив, телефоните продолжуваат да се потпираат на веќе доста старите како концепт, литиум-јонски или литиум-полимер батерии. Резултатот е речиси во целина чуден, ако модерен смартфон издржи повеќе од два дена, а притоа често да биде употребуван.

Покрај тоа, сегашните батерии всушност ја запираат и еволуцијата на смартфоните во многу погледи. Струјните блокови се обемни и неподвижни. Ова го спречува создавањето на заоблени уреди или такви со бизарни форми. Покрај тоа запира и развојот на хардверот, бидејќи колку повеќе моќен станува тој, толку повеќе енергија бара.

Развојот на алтернативни начини за напојување на паметните телефони не се спирали, но одат доста бавно и тешко се подготвува развојот на останатите компоненти. Сепак тоа не значи дека сите треба да стојат и да чекаат додека батериите се подобрат. Постојат начини во кои и сегашните предлози може да се оптимизираат и да обезбедат значително подолг живот со едно полнење.

Барем така веруваат во „Microsoft“, каде група инженери почна да развиваат проект кој ќе ги оптимизира батериите. Ако биде успешен, ќе овозможи еден смартфон да издржува околу недела со едно полнење, без тоа да значи дека корисникот треба да запира со сите негови услуги и функции, за да се заштеди енергија, а ќе може да го користи целосно.

Ова може да се случи на неколку начини. На прво место е софтверската оптимизација. Често пати програмерите не размислуваат за тоа и едноставно го пишуваат кодот така што да користи какви ресурси има, дури и без да има вистинска потреба од толку многу, коментира Ранвиер Чандра, раководител на проектот. Опција е и самиот оперативен систем да ја следи состојбата на апликациите и да стопира процеси, кои во моментот не се потребни.

Освен преку софтвер, мала промена во дизајнот и пристапот кон батериите, исто така може да даде резултат, вели Чандра. Неговиот тим тестира паметен телефон со две помали литиум-јонски батерии, наместо една голема. Така едната батерија може да е оптимизирана за полесни секојдневни задачи, а другата да е за игри и повеќе тешки апликации.

Во моментов идеите на „Microsoft“ се уште во фаза на истражувања и тестови. Компанијата не дава конкретен период во кој би можела да претстави некоја батерија која ќе биде подготвена за глобална употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП