3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLada е во криза!

Lada е во криза!

lada kriza

Најголемиот руски производител на автомобили „AvtoVAZ“ објави дека ќе отпушти околу 13.000 работници, што е скоро двојно повеќе од претходно најавените 7.500 откази. Причината за ваквиот чекор е падот во продажбата на автомобили под брендот „Lada“.

Извршниот директор Бо Андерсон, претходно изјави дека ситуацијата во „AvtoVAZ“ е исклучително лоша и дека на луѓето им е потребен „повик за будење“.

Компанијата во 2013-та ги намали загубите, а Андерсон се бори да ја смени ситуацијата во доста слабото економско време, во средина на украинската криза.

Само во април продажбата на „Ladа“ во Русија падна за околу 15 проценти или на 128.633 примероци, додека пазарот забележа пад од само четири отсто.

Последните прогнози покажуваат дека намалувањата во фабриката во Тољати мораат да бидат многу поголеми од првичните, па одговорот од „AvtoVAZ“на прашање на „Ројтерс“ за бројот на вработените во таа фабрика гласеше: „Вкупниот број на работници во погоните ќе биде околу 53.000 луѓе“.

Главната база на компанијата моментално вработува околу 65.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП