2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Сколари размислува за повлекување поради семејна трагедија

СП 2014: Сколари размислува за повлекување поради семејна трагедија

skolari

Лоши вести пристигнаа во текот на вчерашниот ден за селекторот на Бразил Луиз Фелипе Сколари.

Во сообраќајна несреќа загина неговиот49-годишен внук од сестра, па бразилскиот селектор размислувал да го напуши кампот на репрезентацијата за да биде со најблиските, јавија светските медиуми.

Домаќинот на Мундијалот утревечер во Сао Паоло ќе се сретне со Хрватска во премиерниот натпревар од шампионатот и неизвесно е дали ќе бидат предводени од нивниот 65-годишен селектор.

Бразилците предводени од Сколари во 2002 година го освоија шампионскиот трофеј, а на ова Светско првенство кое се игра во нивната земја се најголеми фаворити за повторување на тој успех што воедно би значело и шеста шампионска титула за „кариоките“.

Покрај Бразил и Хрватска, во А групата се репрезентациите на Мексико и Камерун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП