Самсунг подготвува нов Галакси Таб С, што ќе биде официјално претставен неделава, а веќе се појавија и првите фотографии.
Новиот Самсунг таблет има тенок дизајн и АМОЛЕД екран, а ќе поседува и скенер за отисок од прсти.
Претходно беше објавено дека Галакси Таб С ќе има екран од 8 мегапиксели, како и процесор со осум јадра.
Уредот ќе биде достапен и како верзија со 8,4 инчен екран, а ќе има окта-кор Ексонус 5 процесор со четири 1,9 гигахерци Кортекс А15 јадра и четири 1,3 гигахерци Кортекс А7 јадра, како и 3 ГБ РАМ.
Галакси Таб С би требало да има можност за примање телефонски повици.
Уредот ќе биде претставен на 12 јуни на конференција во Њујорк.