2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ги затегнува правилата за апликации

Apple ги затегнува правилата за апликации

apple pravila app

Со цел да ја задржи својата база на апликации со висок квалитет и пријатни за употреба, „Apple“ воведе нови правила и политика според која развивачите мораат да ги израмнат своите желби со условите во „App Store“.

Од сега „Apple“ повеќе нема да дозволи објавување на апликации кои ги наградува своите корисници за споделување на одредени содржини на друштвените мрежи или за гледање на некоја видео содржина. Покрај тоа, „Apple“ во иднина ќе одбива да прифати во „App Store“ апликации кои во својот интерфејс промовираат други апликации – пракса која многу програмери ја употребуваат со цел да ги „протуркаат“ и своите не толку популарни апликации.

Покрај тоа што нема да ги прифатат новите апликации кои се косат со новите правила, можно е да се започне и со ревизија на постоечките апликации. Тој процес би можел да санкционира и некои многу популарни апликации како „Candy Crush“, која на своите корисници и дава одредени награди доколку се поврзат со својот „Facebook“ профил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП