3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГлобалната штета од сајбер криминалот изнесува 445 милијарди долари

Глобалната штета од сајбер криминалот изнесува 445 милијарди долари

13cyber2

Резултатите од истражувањето на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS), покажаа дека сајбер криминалот глобалната економија годишно ја чини околу 445 милијарди долари, а штетата од кражба на интелектуалната сопственост надминува 160 милијарди долари.

Овој вид на криминал станува се повеќе штетен за трговијата, иновациите и конкурентноста, се наведува во студијата. Глобалната загуба изнесува меѓу 375 и 575 милијарди долари, според истражувањето, кое го спонзорираше компанијата „McAfee“, која прави програми за заштита на интернет.

„Сајбер криминалот ги спречува иновациите и го забавува темпото на глобални иновации, а со тоа се намалуваат возвратните вложувања на иноваторите и инвеститорите“, вели Џим Луис од „CSIS“, кој додава дека за развиените земји сајбер криминалот има многу сериозни импликации на вработеноста.

Најголеми загуби трпат водечките светски економии, па така САД, Кина, Јапонија и Германија, според ова истражување, годишно губат околку 200 милијарди долари.

Загубите се однесуваат на лични информации, како хакирањето на податоците од кредитните картички кои изнесуваат околу 150 милијарди долари. Околу 15 проценти од жителите на САД или околу 40 милиони од нив, барем еднаш во животот биле мета на хакери, при што им биле украдени личните податоци.

Во Турција истиот проблем погоди околу 54 милиони жители, во Германија околу 16 милиони, додека во Кина оваа бројка изнесува повеќе од 20 милиони жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП