19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren подготвува возило за пошироката публика

McLaren подготвува возило за пошироката публика

p13 model

„MсLaren“ сака своите автомобили да ги понуди и на пошироката публика, па позади параванот подготвува модел со кодно име „P13“.

Сепак, за „MсLaren“ ова возило ќе претставува двосед од карбонски влакна со 3.8-литарски V8 агрегат од 450 „коњски сили“, а со тоа ќе бидат конкуренција на „Audi R8“, „Nissan GT-R“, „Porsche 911 Carrera S“. Британскиот производител на суперавтомобили би требало да претстави три верзии на „P13“ со различни каросерии – регуларно купе, кабриолет и „GT“ верзија која ќе понуди поголем багажен простор и кој се очекува најмногу да биде привлечен за пошироката публика.

Се очекува производство од околу 4.000 примероци годишно. Пресвртот во работењето помалку е неочекуван за „MсLaren“, чии машини досега ги возеа ретките среќници, но се верува дека по успехот со „650s“, публиката добро реагираше на релативно пристапниот, а луксузен и моќен „GT“ автомобил кој ја има ознката „Made in Britain“.

Информациите кои ги објави „Car&Driver“, истакнува дека „P13“ ќе биде во ценовен ранг со врвно опремениот „911“ или околу 120.000 евра. Други извори велат дека цената сепак ќе биде нешто поголема.

Како што стојат работите, овој модел најверојатно би требало да се појави кон крајот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП