„Snapchat“ на „Facebook“ подолго време му е трн во око. Апликацијата која привлекува се поголем број од младата популација, тие не успеаа да ја купат, па поради тоа сега развиваат сопствено решение.
Тоа ново решение на ова друштвена мрежа се нарекува „Ѕlingshot“, a апликацијата накратко се појави и на „App Store“, што значи дека лансирањето наскоро ќе се случи. Од функционалноста, „Slingshot“ низ минималистички интерфејс нуди брзо испраќање на видеа и фотографии со одреден рок на траење. Пред испраќањето можно е да се постави натпис или цртеж, а апликацијата нуди и можност за брзо испраќање на одговор по пат на копчето „React“.
Од „Facebook“ за „The Verge“ потврдија дека по грешка ја лансирале апликацијата, а дека „вистинското“ претставување ќе биде наскоро. Првиот обид на „Facebook“да и конкурира на „Snapchat“, апликацијата „Poke“, неодамна заврши неславно.