26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАмериканска амбасадорка положи заклетва на таблет

Американска амбасадорка положи заклетва на таблет

table

Американската амбасадорка во Швајцарија и Лихтенштајн, Сузи ЛеВине положи заклетва на таблетот Киндл, со што стана прв официјален претставник кој ја искористи модерната техналогија за ваков свечен чин.

Таблет апаратите и електронските читачи земаат се поголем замав, што потврдува и примерот со амбасадорката на САД.

Иако таа е прв државен функционер, кој се заколнал на електронски апарат, овој тренд полека почнува да се прифаќа и во други области.

Пожарникарите од Њу Џерси во февруари се заколнаа врз библијата на ајПед, бидејќи никој не можел да најде печатена верзија. Слично направиле и пожарникарите од Лонг Ајленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП