5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКрај на производството на РЅР

Крај на производството на РЅР

psp sony

„Sony“ на крајот на овој месец ќе престане со производство на преносната конзола „PlayStation Portable“ (PSP) и со испораката на јапонскиот пазар. Компанијата веќе на почетокот на оваа година престана да ја испорачува конзолата на пазарот во САД, а за неколку месеци истата би требало да биде недостапна и за европските купувачи.

Со конечното престанување на производството на „PlayStation Portable“, „Sony“ има намера да го насочи целото внимание на претставувањето на наследникот, моделот „PlayStation Vita“.

Поточно, „Sony“ веќе започна со неколку рекламни кампањи, намалувања и комплети со игри кои би требале да привлечат поголем број на купувачи на конзолата „Vita“.

Исто така, сопствениците на „PSP“ игрите истите можат да ги превземат и на конзолата „Vita“ по пат на истата „PSN“ корисничка сметка.

„Sony“ конзолата „PSP“ ја претстави кон крајот на 2004-та година, а вкупно (според податоците од ноември минатата година) ширум светот се продадени околу 80 милиони примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП