8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДрастично опаѓа производството на Samsung Galaxy S5

Драстично опаѓа производството на Samsung Galaxy S5

0906samsung

Некои можеби предвидоа пад во продажбата на смартфонот „Samsung Galaxy S5“, но многумина ова не го очекуваа.

Според информациите од Тајван, „Samsung“ ги намалил нарачките за компоненти за производство на „Galaxy S5“ во овој квартал за 25% (K3 2014). Минатиот квартал биле нарачани 21 милион единици, додека во овој предвидена е нарачка од 15 милиони.

Постојат низа фактори кои можат да влијаат на оваа состојба. Како прво, телефонот е се постар, па поради тоа како стар модел, продажбата опаѓа, затоа што тоа е неизбежно.

Секогаш ќе има нови и подобри модели од страна на конкуренцијата (или дури и од самиот „Samsung“) нa пазарот.

Еден од тие конкуренти е и „Apple“, кој се подготвува за лансирање на новиот модел „iPhone 6“. Можат ли потрошувачите да се воздржат од купување на нов смартфон, додека не излезе новиот „iPhone“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП