3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW i8 тргна по улиците

BMW i8 тргна по улиците

i 8 predavanje

Во „BMW Welt“ во Минхен на клиентите им беа предадени првите автомобили „BMW i8“ (просечна потрошувачка на гориво: 2,1-0,0 l/100 km; CO2 емисии: 49-0 g / km) за време на свечениот настан за првите купувачи од Германија кои ги добија своите примероци.

Роланд Кругер, шефот за продажбата на „BMW Group“ за Германија, им ги врачи клучевите на автомобилите. Првите „BMW i8“ се опремени со иновативни ласерски светла на „BMW“. Официјалното предавање на автомобилите беше комбинација на ексклузивна прослава за пазарниот старт на „BMW i8“ со популарни гости, како водителот Томас Готшалк и актерот Томас Кречмер.

„BMW“ е првиот производител на светот, кој на „BMW i8“ ги нуди целосно најновите ласерски светла во сериски автомобил. Со ласерските светла „BMW i8“ пишува нова страница во автомобилската историја како првиот сериски автомобил со целосно нова светлосна технологија.

i 8 predavanje1

„BMW i8“ сериски е опремен со светли и ефикасни „Full LED“ фарови, а опционалниот „Laser Boost“ обезбедува дострел на долгото светло до 600 метри. На овој начин највисокиот дострел на модерното „LED“ долгото светло се зголемува двојно. Во споредба со многу економичните „LED“ светла, енергетската ефикасност се зголемува за уште 30%, а фаровите се повеќе компактни и полесни.

Извонредниот домет обезбедува значително подобра прегледност и попрецизно предвидување на ситуациите на патот во текот на ноќта. Ова обезбедува мирно и удобно патување, како и поголема безбедност.

Отсјајот на подвижните, во иста или спротивна насока, автомобили се елиминира целосно благодарение на камерата со дигитален асистент за долгото светло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП