19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiWatch ќе биде претставен во октомври!?

iWatch ќе биде претставен во октомври!?

smartwatch apple

Блиски извори до компанијата „Apple“ потенцираа дека во октомври можеме да очекуваме појавување на пазарот на паметниот часовник.

Се претпоставува дека „Apple“ ќе произведе помеѓу 3 и 5 милиони примероци од овој уред. Што точно ќе претставува овој часовник се уште не се знае.

Според многумина тој ќе е нешто помеѓу луксузен часовник со функциите на фитнес бразлетна и опремен со карактеристики слични на „iPhone“.

Најверојатно овој уред ќе врши активности како мерење на пулсот и давање на биометриски податоци. На изглед едни очекуваат смартчасовникот на компанијата да биде нешто како „iPod Nano“ или „easyfit iPhone“, други сметаат дека ќе наликува на „Samsung Gear Fit“.

Еди Кју, шефот на единицата за медиуми и „iTunes“ на „Apple“, рече дека оваа година компанијата ги има најдобрите нови производи, кои тој ги видел во последните 25 години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП