Според најновото истражување на „Adobe Digital Index“, интернет прелистувачот на „Google“ – „Chrome“ за прв пат е подобар од „Microsoft Internet Explorer“.
„Chrome“ според податоците држи 31,8% од пазарот на „web“ прелистувачот, додека „Internet Explorer“ држи 30,9% од пазарот (што е раст од 6% зa „Chrome“ и пад од 6% зa „Internet Explorer“ на годишно ниво). Во овие бројки се вклучени и десктоп и мобилните верзии.
Кога овие верзии се гледаат посебно на десктоп пазарот, „web“-прелистувачот „Internet Explorer“ и натаму е водечки со удел од 43,3%, „Chrome“ e втор со удел од 30,6%, додека „Firefox“ е трет со удел од 12,5%.
На пазарот на мобилни „web“-прелистувачи, состојбата е многу поразлична. Лидер е „Apple Safari“ за мобилните уреди со удел од 59,1%, додека „Chrome“ зa мобилните уреди е трет со удел од 14,3% (на второто место е стандардниот „Android“ прелистувач кој доаѓа со „Android“ уредите). Мобилната верзија на „Internet Explorer“ има удел од 1,8%.