19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle претстави прототип на таблет со 3D сензори (видео)

Google претстави прототип на таблет со 3D сензори (видео)

3d tablet

„Google“ пред извесно времеобјави дека се уште во развој во областа на хардверот. Овој пат компанијата има создадено прототип на таблет со вградени „3D“ сензори.

Тој е дел од „Project Tango“, кој се обидува да развие мобилни уреди во поинаква светлина и да им даде можности да го„гледаат“ светот во три димензии. Таблетот е со 7-инчен дисплеј и користи процесор „NVIDIA Tegra K1“. Тој може да искористи 4GB RAM меморија, а за складирање на датотеки корисниците ќе располагаат со 128GB.

Оперативниот систем на таблетот е „Android 4.4 KitKat“. Тој ќе управува и со дополнителните камери и „3D“ сензори на уредот, преку кои ќе може да ги следи движењата на корисникот и да реагира на нив. Покрај тоа преку сензорите ќе може да се создаваат тридимензионални мапи и модели на околната средина.

Таблетот ќе биде официјално претставен за време на конференцијата „Google I / O“, која е на крајот на месецот. Тогаш ќе започне и продажбата на ограничена серија од таблетот која ќе е достапна само за програмери и ќе чини 1024 долари. Малку подоцна компанијата ќе лансира и софтверски пакет за развој на апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП