27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXperia Z3 ќе се појави во септември

Xperia Z3 ќе се појави во септември

Spain Wireless Show

Само што „Sony“ го претстави својот премиум модел „Z2“, на интернет започнаа да се појавуваат и гласини кои тврдат дека неговиот наследник би можел да биде претставен за само неколку месеци.

Судејќи според најновите информации, смартфонот „Xperia Z3“ би можел да биде претставен во септември, што е во склад со претходните изјави на официјалните лица на „Sony“ кои сметаат дека новите уредите треба да се претставуваат многу почесто.

Претставниците на „Sony“ исто така најавија и нов дизајнерски правец, што значи дека „Z3“ би можел да биде и првиот уред на кој ќе се отсликува новата дизајнерска филозофија, а се претпоставува дека ќе има многу тенки рабови и тоа со дебелина од само 7mm.

Меѓутоа, тука се и некои потенцијални лоши вести доколку е вистина дека „Sony“ ќе користи „Snapdragon 801“ процесор, наместо да премине на „805“. Ова исто така значи дека компанијата на овие модели нема да вгради „quad HD“ екрани.

Фановите на големи телефони можеби ќе бидат разочарани од информацијата дека „Sony“ ќе ја напушти и „Z Ultra“ верзијата и дека фокусот ќе биде насочен на 7 и 8-инчни таблети.

Од друга страна, постојат индикации дека компанијата ќе го продолжи трендот на претставување мали верзии на премиум уредите, а во овој случај тој „компактен“ модел би требало да има 4.6-инчен екран со 720p и уште потенки рабови од „Xperiа Z3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП