13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО90 милиони и 250.000 неделна плата е понудата за Суарез

90 милиони и 250.000 неделна плата е понудата за Суарез

ls real

Без никакво сомневање, името на Луис Суарез ќе биде едно од најспомнуваните за време на летниот преоден рок. Гласините упорно го поврзуваат уругваецот со трансфер во Реал Мадрид, а тензиите дополнително се зголемуваат и од неговото молчење околу оваа тема.

Последните вести околу евентуалната зделка се дека раководството на „кралевите“ планира да го зголемат износот што е подготвен да го дадат за ѕвездата на Ливерпул.

Според „Марка“, тој веќе надминува 75 милиони фунти или 90 милиони евра. Во наредните денови се очекува и испраќање на официјалната понуда. До денес, раководството на Ливерпул не планира да се раздели со својот најдобар фудбалер.

Сепак, раководството на шпанскиот гигант Реал Мадрид прави и нов одбид да ја привлече ѕвездата на Ливерпул и Уругвај, Луис Суарез. За таа цел „белите“ имаат подготвено и неделна плата од 250.000 фунти за напаѓачот.

И покрај фактот дека 27-годишниот играч во неколку наврати изјави дека е среќен на „Енфилд“, раководството на шампионот на Европа не запира во офанзивата кон него.

Претходно адвокатот на уругваецот изјави дека неговиот клиент ќе му биде тешко да ги одбие парите на Реал.

Во моментов Суарез се подготвува за Светското првенство со репрезентацијата на Уругвај. Ривали на тимот во групата ќе бидат Англија, Италија и Коста Рика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП