3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен новиот BMW X6 (фото+видео)

Претставен новиот BMW X6 (фото+видео)

x6 1

„BMW“ ги објави фотографиите и техничките детали од втората генерација на кросоверот „Х6“. Новиот модел до крајот на годината ќе ја замени актуелната верзија која се појави во 2008-та.

Во текот на шестте години колку што се наоѓаше во продажба, „BMW X6“ ја зацврсти позицијата на пазарот со 250.000 испорачани примероци и на тој начин го оправда своето постоење.

x6 2

Шанса за ново докажување, наскоро ќе добие и новиот модел кој во продажните салони ќе пристигне во декември.

На оние кои досега „BMW“ не им се допадна, веројатно нема да им се допадне и новиот модел, со оглед дека автомобилот ја задржа карактеристичната силуета и пропорции. Германскиот производител го модернизираше својот купе-кросовер и го прилагоди со дизајнот на најновите модели од гамата, пред се со „BMW X5“.

x6 3

Предниот дел на возилото е најнагласен и помалку заоблен отколку кај актуелниот „Х6“, а фаровите и маската се обликувани како на моделот „X5“. Страните на возилото сега имаат динамични линии и нови стилски детали, како линијата која го следи лакот над задните тркала и визуелно се соединува со стоп светлата, а задниот дел изгледа помасивно благодарејќи на големите светлосни групи и изразениот дифузор на долниот дел на браникот.

Новиот „BMW X6“ е долг 4.909 mm, што е за 32 mm повеќе во однос на претходникот. Покрај тоа, меѓуосовинското растојание од 2.933 mm остана непроменето.

x6 4

И другите две димензии се поголеми од претходно. Со 1.989 mm, „X6“ е поширок од актуелниот модел за 6 mm, додека висината е зголемена за 33 mm и сега изнесува 1.702 mm.

Од друга страна, новиот модел е полесен од првата генерација и тоа до 25 kg, во зависност од верзијата и видот на мотор, а масата е распоредена иделно во однос 50:50.

Од „BMW“ истакнуваат дека новиот „X6“ има и нешто поголем багажен простор. Зафатнината на багажникот е зголемена за 10 l и сега изнесува 580 l, a со навалување на задните седишта се зголемува на максимални 1.525 l.

x6 5

Ентериерот на автомобилот исто така е дизајниран по пример на „BMW X5“. На командната табла доминира голем екран за мултимедијалниот систем кој е издвоен на врвот на централната конзола.

Кога на крајот на годината ќе се појави на европскиот пазар, новиот „BMW X6“ ќе биде достапен во три верзии. Бензинецот „xDrive50i“ ќе добие погон од 4.4-литарски „bi-turbo“ V8 мотор со 450 ks и 650 Nm максимален вртежен момент, што на овој модел ќе му овозможи од 0 дo 100 km/h да забрза за 4,8 s.

Другите два модели ќе бидат дизели. Основната дизел верзија, „xDrive30d“, ќе користи шестцилиндарски 3.0-литарски „bi-turbo“ агрегат со 258 ks и 560 Nm, благодарејќи на кој овој „X6“ ќе забрзува до стотка за 6,7 s.

x6 6

Во врвот на дизелската понуда ќе се најде „M50d“, кој под хаубата ќе има 3.0-литарска „tri-turbo“ единица со 381 ks и 740 Nm. Од состојба на мирување до брзината од 100 km/h „M50d“ ќе стигнува во рок од 5,2 s. Сите модели стандардно ќе бидат опремени со осумбрзински автоматски менувачи и погон на сите четири тркала.

Во пролетта 2015-та во понудата ќе се најде и основен бензинец, „xDrive35i“ со 306 ks, како и нов дизел, „xDrive40d“ со 313 ks. „BMW“ нешто подоцна ќе го претстави и „X6M“ со турбо-полнење и V8 мотор со преку 550 ks.

Цените на ова возило ќе бидат објавени пред стартот на продажбата, а оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе детали во врска со овој модел можат да погледнат во промотивното видео кое го претстави „BMW“:

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП