16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon ќе го претстави својот 3D смарфон на 18-ти јуни (видео)

Amazon ќе го претстави својот 3D смарфон на 18-ти јуни (видео)

amazon ured2

„Amazon“ објави дека на 18-ти јуни годинава ќе претстави нов производ. Се разбира, компанијата не откриваат каков ќе биде тој, но според онлајн изданијата „BGR“ и „BusinessInsider“ станува збор за 3D смартфон кој таа го развива веќе подолго време.

Се очекува уредот да користи 4.7-инчен HD 720p екран, последениот модел процесор на „Qualcomm“ од серијата „Snapdragon“ и 2GB RAM меморија. Вградената камера на задниот панел ќе е од 13 МР.

Дотука ништо револуционерно, но „Amazon“ ќе се обиде да го привлече вниманието со тродимензионалниот интерфејс, кој ќе може да се гледа без потребата од дополнителни очила. За таа цел на предниот панел ќе има 4 мали камери кои ќе следат очите на корисникот и преку нив софтверот ќе воведува потребните корекции во сликата, за да не се губи тродимензионалниот ефект.

Самиот оперативен систем ќе е базиран на „Android“, но ќе е сериозно модифициран без апликациите од „Google“. Затоа тој нема да го користи тоа име, туку ќе се вика „Fire OS“, слично на софтверот во таблетите на „Amazon“.

Компанијата објави и кратка реклама, со која се обидува да привлече поголем интерес кон настанот, кој ќе се одржи во Сиетл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП