6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТошиба претстави два нови Енкор 2 таблети

Тошиба претстави два нови Енкор 2 таблети

toshiba

Тошиба официјално претстави два нови таблет модели Енкор 2 со екрани со дијагонала од 10 и 8 инчи што ќе работат на Виндоус 8.1 оперативен систем.

Енкор 2 работи на четиријадрен Интел процесор Атом, а двата модели имаат предна камера од 1,2 мегапиксели и задна камера од 5 мегапиксели резолуција, што овозможува снимање видео записи со полна ХД резолуција.

Таблетите располагаат со 32 гигабајти вградена меморија, поддршка за ви-фи мрежа и блутут 4.0 технологија.

Toshiba-Encore

Иако со различни димензии, резолуцијата на двата екрана изнесува 1.280х800. Поголемиот модел има РАМ меморија од 2 гигабајти, додека помалиот РАМ меморија од еден гигабајт.

Двата таблети имаат по еден микро УСБ влез и 3,5 милиметарски влез за слушалки.

Енкор 2 ВТ10-А има и микро ХДМИ приклучок, а декларираното траење на батеријата изнесува 9 часа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП