28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали ве „ограби“ Gameover Zeus?

Дали ве „ограби“ Gameover Zeus?

virusi nov

Опасна сајбер пандемија позната како „Gameover Zeus“ зафати помеѓу 500.000 и еден милион компјутери ширум светот, проценува „FBI“.

Штетата нанесена со овој вирус се смета во десетици милиони долари.

„Gameover Zeus“, зa кој експертите велат дека е „софистициран“ и дека без проблеми ги совладува антивирусните софтвери, ги инфицира машините со отворање на „PDF“ или кликнување на линкот кој е испратен преку „e-mail“.

Кога ќе влезе во компјутерот, вирусот ги пренасочува сите финансиски трансакции и ги препишува, па така сите уплати кои ги прави корисникот се испраќаат на други сметки.

Вирусот зарази голем број на компјутери, а најмногу во САД и Италија.

Сепак, благодарејќи на тимот на меѓународната полиција, вирусот е угасен.

Ова е трет пат како надлежните се обидуваат да го елиминираат, од кога се појави за прв пат во 2011-та, а од „FBI“ истакнуваат дека корисниците имаат две недели да ги средат хардисковите и да инсталираат нов антивирусен софтвер, пред него што мрежата одговорна за „Gameover Zeus“, повторно не проработи.

Една од причините поради кои вирусот тешко може да се изгаси е тоа што тој користи т.н. „peer-to-peer“ софтвер, што значи дека и кога главниот сервер е изгасен, заразените компјутери можат да продолжат да комуницираат меѓусебе.

Компјутерите често истовремено се заразени со „Gameover Zeus“ и „Cryptolocker“, што е доказ дека овие вируси потикнуваат од иста источноевропска мрежа.

Претохдно во оваа недела, американското Министерство за правда поднесе обвинение против Русинот, Евгениј Михаилович Богачев како лидер на бандата која стои зад овој софтвер.

Во тужбата стои дека вирусот е одговорен за загуба од повеќе од 100 милиони долари од поединци и низа големи компании.

На корисниците им се советува, покрај инсталирањето на најсовремени верзии на антивирусни програми, да ги променат и сите лозники.

Исто така, треба да се посвети внимание и на неочекуваните „e-mail“ пораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП