19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes прави најубави автомобили

Mercedes прави најубави автомобили

mercedes-najubavi

Германскиот автомобилски гигант неодамна ја стартуваше својата нова дизајнерска серија која му донесе бројни признанија, а најмногу се истакнува тоа кое го добија во својата татковина.

Според истражувањето на еден од најголемите германски магазини, „Mercedes“ со својот дизајнерски стил кој се нарекува „Sensual purity“ успеа да ги освои срцата на голем процент на популацијата во Германија. Компанијата од Штутгарт освои награди во 5 од вкупно 6 категории, вклучувајќи ја и онаа за најубав автомобил (а тоа им е шестта победа во низа) во изборот за „Miss“ меѓу автомобилите.

Во средната категорија на луксузни автомобили победата ја однесе новопретставнениот „Mercedes C сlasѕ W205“, додека второто место замина кај моделот „S сlasѕ W222“. Во категоријата купе и кабриолет, наградата ја освои преубавиот „Mercedes S сlasѕ C217“.

Новиот „SUV“ со ознаката „GLA X156“ e прогласен за најубав модел во категоријата кросовери, додека кај концептните модели најубав според публиката и гласачите беше „AMG Vision Gran Turismo“. „W205“ покрај споменатата награда ја освои и севкупната за најубав автомобил.

Поради тоа што поголемиот број на гласачи се од Германија и не е чудно што вака наградите се распоредени, и што второто место исто така го освои „Mercedes S сlasѕ C217“ купе, а трет беше нормално „Mercedes S сlasѕ W222“. Во гласањето кое го организираше еден американски магазин овој автомобил се најде меѓу првите десет, кога станува збор за внатрешниот дизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП