6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram 6.0 - Вашата идна алатка за обработка на фотографии (видео)

Instagram 6.0 – Вашата идна алатка за обработка на фотографии (видео)

instagram_60

Патот од уште една апликација со филтри до најпопуларна друштвена мрежа за споделување на фотографии можеби не е долг, но во последно време се чини дека „Instagram“ малку стана здодевен. Решен на својот огромен број на корисници да им понуди тоа што веќе подолго време го посакуваат, сервисот вчера ги претстави новите функционалности за обработка на фотографиите, зацрствувајќи ја својата доминантна позиција.

Верзијата 6.0 во фокус ги стави токму новите алатки кои сега се помоќни, а кои нудат уште повеќе можности за креативно изразување на секој корисник. Подобрениот „Instagram“ овозможува контрола на јачината на светлоста, сенки, вињети, т.е. острина на секоја фотографија, а до овие подесување се доаѓа со кликнување на иконата на клучот која се наоѓа на дестната страна, веднаш над филтерот.

За горниот тренд за мобилната обработка на фотографии можеби најдобро ни говори „VSCO Cam“, една од водечките апликации која неодамна осигура 40 милиони долари инвестиции, а која веќе подолго време стои при врвот на листата на продавниците „App Store“ и „Google Play“. Се поголемиот број на корисници се одлучуваат за нешто понапредна обработка на фотографии, а со новите функции, „Instagram“ е подготвен во вистинско време да одговори на најновите барања, т.е. да ги задржи постоечките корисници и да привлече нови.

Новата верзија на „Instagram“ веќе е достапна за превземање и може да се најде во продавниците за апликации „App Store“ и „Google Play“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП