5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЌе продолжат ли да поевтинуваат паметните телефони?

Ќе продолжат ли да поевтинуваат паметните телефони?

smartfonite ceni

Една од компаниите, кои успеваат да одолеат на намалувањето во цените на смартфоните е американската „Apple“. Дали тоа ќе се промени со излегувањето на новиот модел „iPhone 6“ на компанијата? Според експертите: не сметајте на тоа …

Иако просечните цени на паметните телефони се очекува да се намалат за 21 долар до крајот на годината, просечната цена на популарниот модел на „Apple“ се очекува да поскапе за 7 долари, според предвидувања на „IDC“.

Според различните параметри смартфоните во светот ќе чинат во просек 314 долари во оваа година во однос на 335 долари од минатата. Намалувањето ќе се предопредели главно од поевтинувањето на паметните телефони со оперативен систем „Android“, чии цени ќе паднат до 254 долари во просек во 2014-та година во однос на 276 долари од пред една година порано.

Се очекува да поевтинат и моделите со оперативниот систем „Windows“. Нивната цена може да се намали до просек од 265 долари, спрема 301 долар во 2013-та година.

Во исто време просечната цена на моделите „iPhone“ се очекува да порасне до 657 долари во однос на 650-те долари во минатата година. Шпекулациите за претставување на нов модел со поголем екран е уште еден фактор кој ги тера експертите да не очекуваат пад во просечните цени на популарниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП