22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Lincoln MKC до крајот на месецот ќе се појави на пазарот...

Новиот Lincoln MKC до крајот на месецот ќе се појави на пазарот (фото)

linkon 33 -1

Имајќи во предвид дека целосно новиот „MKC“ на пазарот ќе се појави во текот на овој месец, „Lincoln“ објави фотографии и информации за ова возило со мали димензии. Тоа што треба да се нагласи е дека го одликува 2.3L мотор кој постигнува 285 ks излезна моќ при 5.500 o/min и 413 Nm при 2.750 o/min, односно, 10 ks и 6.7 Nm повеќе од иницијалните вредности.

Благодарејќи на „Active Grille Shutters“, 2.3L „EcoBoost“ единицата бележи просечна потрошувачка од 13L/100km во град, 9L/100km на автопат, додека комбинираната потрошувачка е 11.2L/100km со стандардната конфигурација на сите четири тркала. „Lincoln MKC“ ќе биде понуден со стандарден 2.0L „EcoBoost“ четирицилиндарски мотор кој постигнува 240 ks излезна моќ при 5.500 o/min и 366 Nm вртежен момент при 3.000 o/min.

linkon 33 -2

Просечната потрошувачка за моделите со погон на предните тркала е 11.7L/100km во град, 8.1L/100km на автопат и 10.2L/100km комбинирана потрошувачка. Кога станува збор за моделите со изборен „Intelligent All-Wheel Drive“, просечната потрошувачка е 12.4L/100km во град, 9L/100km на автопат и 10.7L/100km комбинирана потрошувачка.

Двата мотори се поврзани со шестстепена „SelectShift“ автоматска трансмисија со изборна промена на степенот на пренос на точката на управување.

linkon 33 -3

„Lincoln MKC“ ќе се продава и на територијата на Кина заедно со „MKZ“ седан моделот кога брендот „Lincoln“ ќе биде претставен на тој пазар кон крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП