18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G3 има трипати подобра продажба од Galaxy S5

LG G3 има трипати подобра продажба од Galaxy S5

lg 3 g

„LG G3“ е само неколку дена стар уред, но во Кореја се продава со неверојатна брзина.

Со оглед на позициите на двете комапнии на пазарот на смартфони, сите очекуваат дека „Samsung“ без поголеми проблеми го надминува својот ривал со својот премиум модел, без оглед на тоа кој уред е поквалитетен. Меѓутоа, се чини дека „LG“ успеа да забележи слатка победа на домашен терен.

„LG“ во Кореја успеа да го надмине „Samsung“ продавајќи три „G3“ модели наспроти еден „Galaxy S5“ во првите неколку дена од претставувањето.

Судејќи според корејски извори, продажбата на моделот „Galaxy S5“ во тој период изнесувала од 7.000 дo 8.000 примероци, додека „LG“ секој ден испорачува од 25.000 дo 30.000 единици на „G3“.

Фактот дека операторите во Кореја започнаа со продажба на моделот „Galaxy S5“ пред време и пред промотивната кампања, сосема сигурно игра важна улога во продажбата на овој телефон.

Меѓутоа, интересното пластично куќиште кое дава чувство на метал на моделот „LG G3“, како и „QHD“ екранот со многу тенки рабови, без сомневање допринесоа за подобра продажба на овој премиум телефон.

Единствено останува да се види дали „LG“ ќе успее да забележи приближен успех на светскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП