27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXperia T3 - новиот смартфон на Sony (видео)

Xperia T3 – новиот смартфон на Sony (видео)

Sony Xperia T3

„Sony“ го прошири своето семејство „Xperia“ со нов смартфон. „Xperia T3“ има екран со дијагонала од 5.3-инчи, но и скоро неверојатно тенко куќиште.

Судејќи според спецификациите, уредот „Sony Xperia T3“ ќе припаѓа во категоријата на уреди од средната класа, но точната цена на смартфонот ќе биде позната кон крајот на јули кога овој паметен телефон ќе се појави на пазарот.

Тоа што сега го знаеме е дека уредот има 5.3-инчен екран со резолуција од 1.280 x 720 пиксели со познатите технологии на „Sony“, како „Bravia Engine 2“, а тука е и процесорот со четири јадра „Snapdragon“ со работен такт од 1.4GHz, како и „Android“ оперативниот систем во верзијата „4.4 KitKat“. Смартфонот има камера од 8MP, т.е. 1GB работна меморија со 8GB простор за чување на податоци, а неговите димензии се 150.7x77x7 милиметри.

Погледнете го промотивното видео за „Sony Xperia T3“:

Уредот на пазарот би требало да се појави кон крајот на јули оваа година, а како што споменавме тогаш ќе биде позната и цената по која ќе се продава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП