23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ги претстави новите верзии на iOS и Mac OS X

Apple ги претстави новите верзии на iOS и Mac OS X

app ios mac

„Apple“ прави нов обид да го унифицира својот софтверски екосистем, па понуди максимално многу алтернативи на други апликации и услуги. За време на 25-тата по ред годишна конференција за програмери (WWDC 2014), компанијата ги претстави обновениот„iOS 8“ и „Mac OS X Yosemite“.

Поголемо внимание беше посветено на „iOS 8“. Според извршниот директор на „Apple“, Тим Кук,„iOS 8“ е сериозен чекор напред во софтверски однос. Визуелните промени се минимални, а за сметка на тоа се воведува функцијата „Extentions“. Таа им овозможува на корисниците да инсталираат дополнителни системски апликации, на пример различни тастатури или графички контроли во центарот за известувања.

„Apple“ обединува и различни апликации во сетови. Така на пример „HealthKit“ ќе располага со неколку програми кои ги покриваат „сите потреби на корисниците“ со фитнес нараквици или други слични додатоци.

Во „CloudKit“ пак се обединети „iCloud“, пребарувач, апликации за чување на датотеки, веб апликации. Самиот „iCloud“ исто така се менува, па веќе ќе наликува „Dropbox“според функционалност. Се воведува и поддршка за „Windows“, а ќе се нудат и разни цени, на пример 200GB простор за 4 долари месечно.

Гласовниот асистент „Siri“ исто така е ажуриран. Слично на „Google Now“, тој веќе ќе може да прифаќа гласовни команди без допир на телефонот. За целта, корисникот треба да каже „Hey Siri“. Покрај тоа „Siri“ веќе има интеграција со апликацијата за препознавање на песни „Shazam“.

Малку внимание и за „Mac“.

„Mac OS X Yosemite“ има повеќе визуелни промени кои ја прават платформата слична на вид со „iOS“. Покрај дизајнот, промените влијаат и на софтверот. Обновенисе пребарувачот„Spotlight“, „Safari“, „Mail“, како и повеќето од останатите вградени апликации.

Значително е подобрена функцијата „AirDrop“ и „Handoff“. Преку нив може да се дели содржина во реално време помеѓу „Apple“ уредите. Пример, корисникот работи со текст документ на „iPad“. Со лизгање на екранот нагоре, документот ќе се префрли отворен и подготвен за редакција во неговиот „Mac“. Преку „AirDrop“ веќе ќе може да се прифатат и да се вршат повици од „iPhonе“ преку „Mac“, како и да се читаат и пишуваат пораки.

„Mac OS X Yosemite“ и „iOS 8“ ќе се достапни за широката јавност во есен. Верзиите им се достапни на програмерите и веќе може да ги симнат. Во летото „Apple“ за прв пат ќе објави и јавна бета – верзија на „Mac OS X“. Спротивно на традицијата, овој пат компанијата не претстави никаков нов хардвер, дури и благи надградби на десктоп и лаптоп компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП