6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИDell најави два нови таблети од серијата Venue

Dell најави два нови таблети од серијата Venue

dellvenue2

„Dell“ на саемот „Computex 2014“ најави два нови „Android“ модели од својата „Venue“ линија на таблети.

Новите „Venue 7“ и „Venue 8“ модели ќе чинат нешто повеќе отколку нивните претходници, но нема да ја надминуваат цената од 200 долари.

Кога се спецификациите во прашање, ни тука нема радикални промени во однос на минатогодишните модели, а најголеми претрпеа процесорите кои се подобрени, како и оперативниот систем кој доаѓа во вид на „KitKat“ надоградба.

„Dell Venue 7“ e 7-инчен таблет со дисплеј со резолуција од 1280 x 800 пиксели. Таблетот доаѓа со 16GB интерна меморија, поддржан со „microSD“ картичка, а процесорот е „Intel Atom Z2560“. Тука е и предната камера од 1MP. Цената на овој таблет изнесува 160 долари.

„Dell Venue 8“, од друга страна има „HD“ (1920 x 1200) екран и нешто побрз „Intel Atom Z3480 Merrifield“ процесор, со што цената му се зголемува за околу 40 долари во однос на „Venue 7“. Предната камера е од 2MP, додека двата модели имаат 5MP камера на задната страна.

Новите „Dell Venue“ таблети ќе се најдат на пазарот од први јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП