2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСтанете подобар фудбалер со паметната топка на Adidas (видео)

Станете подобар фудбалер со паметната топка на Adidas (видео)

adidas pametna topka

„Adidas“ ја претстави новата „miCoach Smart Ball“ фудбалска топка за која тврди дека може да ви помогне во тоа подобро да шутирате слободни удари, пенали, но и подобро да асистирате, т.е. да изведувате корнери.

Внатре во топката се наоѓаат сензори кои ги следат податоците за движењето, ротацијата, забрзувањето, траекторијата и аголот на падот на топката, но и точката на удар. Сето тоа може да се гледа преку соодветната „Smart Ball“ апликација. Податоците од топката на апликацијата се испраќаат преку „Bluetooth“, па тоа ви овозможува да дознаете зошто се уште не сте на нивото на Меси и Роналдо.

Инаку, на топката се работи во последните неколку години, а ја тестираа играчи како Давид Силва, Алваро Негредо, Клаудио Браво и Хектор Морено.

Од „Adidas“ велат дека покрај усовршувањето на талентот, топката може да се користи и како помош при тренинг. Апликацијата нуди и низа совети и сугестии кои ќе ви кажат како да ја промените техниката на ударот, а со тоа да добиете совршена крива топка или посилен удар.

Како и секоја обука, се има своја цена. Така топката на „Adidas“ чини 307 евра, додека апликацијата за „iOS“ уредите е бесплатна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП